| четврток, 6 декември 2018 |

Сменија 4 гуми на болид за само 1 секунда и 9 стотинки

red-bull-racing-rythm-of-the-factory-0

Механичарите на најдобриот тим во Формула 1, Ред Бул за време на трката за Големата Награда  на САД во Остин го соборија светскиот рекорд во брзина на менување на гумите во најбрзиот циркус на денешницата. Прв пат во историјата се случи гумите на еден болид да бидат променети за помалку од две секунди.
Механичарите на најдобриот тим во светот успеаја да прометат четири гуми на болидот на Марк Вебер за неверојатни 1.9 секунди. Со овој успех го соборија сопствениот светски рекорд кој беше поставен порано годинава, а изнесуваше 2.05 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top