| четврток, 6 декември 2018 |

И Белгија одби да го уништува сириското оружје

sirija sad hemiskiПо Албанија и Норвешка, и Белгија одби да го уништува хемиското оружје од Сирија. Норвешка вети товарен брод кој ќе го собере арсеналот хемиско оружје.

Белгија нема да се согласи на нејзина територија да биде уништено сириското хемиско оружје, наведувајќи дека би било подобро тоа да биде уништено само во Сирија.

Министерот за одбрана Питер де Крем рече дека преместувањето на тоа оружје е задача тешка сама по себе и ја исклучи Белгија како можна дестинација.

Бидејќи во петокот Албанија и Норвешка одбија да учествуваат во тоа, Белгија и Франција се разгледуваа како можни домаќини за уништување на оружјето, само затоа што имаат добра историја за уништување на ваков вид оружје уште од Првата светска војна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top