
Како што информираа од полицијата, настанот се случил кога пред куќата на М.А. со возило дошле В.Џ. (51) и неговите синови Ш.Џ.(25), Ш.Џ.(22), Р.Џ.(27) и К.Џ.(29), сите жители од истото село. Тие со дрвени предмети ја оштетиле влезната врата од куќата, а потоа физички го нападнале синот на М.А., Ф.А.(17) и неговиот братучед А.А.(25). Тука интервенирале други членови од нападнатото семејство, но и тие биле физички нападнати од насилните соселани. Во инцидентот со повреди се здобиле Ш.Џ.(25) на кого му е укажана лекарска помош во Медицински центар во Кичево, додека Ф.А. бил однесен во медицинскиот центар во Битола.
По целосно расчистување на случајот, полицијата ќе поднесе и соодветни кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


