Кумановскиот фотограф Глигор Максимовски доби диплома на третата по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија „Чачак 2013“, а Дарио Королија и Милош Тончевски се наградени во Сомбор, Србија.
Фотографијата на Максимовски е насловена „Куманово 2012“ и е наградена во конкуренција на 3.121 фотографија од 264 автори од 57 држави.
Од 343 пристигнати фотографии од 57 автори, Дарио Королија освои прва награда за колекција, а Милош Тончевски освои трета награда за фотографија.
– Ова е уште една потврда дека ФКК „Козјак“ е еден од најактивните фотоклубови во Македонија, а нашите членови се најмногу наградувани како на домашни, така и на меѓународни изложби на уметничка фотографија – велат од клубот.
Од ФКК „Козјак“ објаснуваат дека бесплатните курсеви за уметничка фотографија и фотопрезентациите помагаат младите да постигнат такви резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора
-
Наградата „Златен витез“ доделена на академик Влада Урошевиќ во Русија


