Новата игра „Henophobia“ за „Iphone“ и „Ipod“ уредите, што ја креираше македонскиот програмер Танасие Ѓоргоски од Струга, од денеска е достапна за корисниците од целиот свет, објавува „Охрид њуз“.
-Henophobia“ (страв од кокошки) е аркадна игра, мешавина на флипер (pinball), „Arkanoid“ и „Space Invaders“. Се работи за одбрана на Земјата од инвазија на вонземјани со помош на кокошки. Со палците се контролираат две палки, со кои се удираат кокошките, и треба да се насочат кон различни цели (зависно од нивото). Играта е „Free“ за преземање и првите 12 нивоа исто така. После тоа има еднократна доплата од $1.99 за да се отклучи цела игра, која имат вкупно 50тина нивоа.-објаснува Ѓоргоски.
Танасие играта ја креирал две години во слободно време помеѓу секојдневните работни обврски.
-Создавањето на играта ми беше хоби, бидејќи секојдневна работа ми е на „Learning Content Management Software“ за фирмата Xyleme, така што само во слободно време ја правев. Згора на тоа, се програмира во “Objective C” јазик, и нова платформа за програмирање (нови алатки и слично), па ми требаше малку време и јазикот да го научам.-истакна Танасие Ѓоргоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.