| четврток, 6 декември 2018 |

Андов: Точно е дека не го прифатив предлогот Словенска Република Македонија

andov-1

Точни е дека Киро Глигоров тогаш дојде со предлог за ново име на Македонија – Словенска Република Македонија.  Точно е дека во разговорот со него јас го одбив таквиот предлог како непогоден и опасен за стабилноста на државата – вели Стојан Андов во изјава за порталот „МКД“, откако вчера излезе изјава на првиот преговарач, грчкиот дипломат „Елефтериос“ Карајанис дека на 6 јуни 1993 година по иницијатива на Милошевиќ, Киро Глигоров го прифатил предлогот Словенска Република Македонија, со националност Славомакедонци, јазик славомакедонски, идентитет славомакедонски.

-Тој ден Глигоров дојде невообичаено рано на работа. Ми го пренесе предлогот. Јас веднаш му реков дека е тоа многу неповолна варијанта за државата, дека тука имаме и Албанци, и Турци и Роми…, дека таквото име може да доведе до внатрешни поделби. Можеби Глигоров бил под притисок на Милошевиќ, јас тоа не го знаев. Киро ништо не ми кажа во врска со некаква средба со Милошевиќ на таа тема. Но сепак на крајот се согласи со оцената дека тоа решение може да доведе до сериозна дестабилизација не само во земјата, туку и во регионот – вели Андов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top