| четврток, 6 декември 2018 |

Бензинот БС-98 поскапува за половина денар

benzin1
Цената на дизелот и на бензинот евросупер БС-95 останува иста, додека бензинот БС-98 поскапува за половина денар, е најновата одлука на Регулативната комисија за енергетика.
Со тоа, цената на БС-95 останува 76,50 денари за еден литар, додека дизелот и понатаму ќе се продава за 68,50 денари. Цената на бензинот евросупер БС-98 се зголемува за половина денар и ќе се изнесува 78,50 денари.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 57 денари.  Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,346 денари за килограм и изнесува 39,803 денари за килограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top