Пејачката Шакира на нејзиниот профил на „Твитер“ објави нови слики од синот Милан и напиша дека сака уште деца.
Шакира и Жерар Пике го добија синот Милан во јануари оваа година, а веќе размислуваат за уште едно дете.
– Сакаме уште деца, само е прашање на време. Треба само да се организираме. Среќна сум и уживам со својата фамилија – рече Шакира.
Пејачката додаде дека знае со што ќе се занимава Милан кога ќе порасне, а тоа не е фудбал.
– Неговата иднина лежи во музиката, не на теренот. Сака кога е во студиото со мене, а дома е права рок-ѕвезда, ги слуша „Грин деј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.