Според лондонски „Телеграф“, британските компании се најголеми оптимисти меѓу фирмите од развиените земји. Показател за тоа е и фактот што британските компании, за разлика од конкуренцијата од САД, Франција, Јапонија и Германија, се подготвени активно да инвестираат, пренесува „Фактор“.
Агенцијата „Маркит“ го спровела своето тримесечно истражување меѓу деловните луѓе во цел свет кое покажало дека во третото тромесечје најоптимистични биле Британците бидејќи очекуваат нивните активности, приходи и темпо на раст на работа во наредните години да бидат високи.
Британските компании, исто така, се подготвени да вложуваат во повеќе и поголеми проекти. Бизнисот очекува брз раст на инвестициите, после повеќе години стагнација.
Во САД, подобрување на бизнис-климата очекуваат 41 процент од компаниите, а во Германија, 29 отсто. Поголем оптимизам од Британците покажале само Бразилците, кои очекуваат економски бум пред Светското првенство во фудбал и Олимписките игри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


