| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ ја блокира детската порнографија

„Гугл“ неодамна разви нова технологија, која значително ќе го отежне и искомпликува наоѓањето фотографии со сексуална злоупотреба на деца.

Во последните три месеци повеќе од 200 програмери работеа на развојот на новата технологија.

Ограничувања веќе се користат во земјите со англиско говорно подрачје, а за шест месеци оваа технологија ќе почне да се применува и во остатокот од светот.

– Иако никогаш целосно нема да можеме да се ослободиме од оваа перверзија и изопаченост, ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да ги заштитиме децата. Пребарувачот е модифициран така што во иднина не може да се прикаже таквата содржина –  изјави шефот на „Гугл“, Ерик Шмит.

„Гугл“ работи и на технологија која ќе овозможи означување нелегални видеа, така што нивните копии да не можат да се прошират на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top