| четврток, 6 декември 2018 |

Бентнер: Сакам да играм за Реал или за Барселона

Напаѓачот на Данска, Никлас Бентнер, во зимскиот преоден рок сака да го напушти Арсенал, а кариерата би можел да ја продолжи во Реал или во Барселона.

– Јас не трчам по пари бидејќи ова е, сепак, спорт. Ќе одам некаде каде што ќе бидам среќен, каде што ќе давам голови и ќе освојувам трофеи. Не сакам да седам на клупа, сакам да играм – рече Бентнер.

– Сакам да заминам во Реал или во Барселона – додаде Данецот кој оваа сезона за тимот на Арсенал одигра само 32 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top