| четврток, 6 декември 2018 |

Облачен понеделник

esen oblaciИ понеделнички повторно котлините ќе задржат повеќе облачност отколку повисоките места каде денот ќе донесе претежно сончево време. Според прогнозата на Метеопро, околу пладне облачноста низ котлините ќе се намалува, но постои можност северниот дел на Повардарието да ја задржи во поголем дел од денот. Ветерот ќе биде слаб и од јужен правец. Температурата ќе има минимална вредност под 0°С во Осоговско-Малешевскиот и Мавровскиот регион, но само до -4°С. Низ котлините минималната температура ќе има вредност во границите помеѓу 0°С и 5°С. Максималната температура ќе има вредност помеѓу 11°С и 15°С речиси во сите региони од земјата. Максмална помеѓу 16°С и 18°С очекуваат само регионите во југоисточниот дел од Македонија.

Во Скопскиот регион повторно ќе имаме облачност во поголем дел од денот. Попладнето можно е да донесе сончеви периоди. Температурата ќе има минимум до 1°С, а максимум до 13°С. Ветерот ќе биде слаб од јужен правец. Деталната прогноза погледнете ја на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top