Со враќањето на ДДВ кон народот годишно ќе се враќаат повеќе од 130 милиони евра, според актуелните параметри, но доколку економијата закрепне, а факт е дека со враќањето на парите кон бизнисот и народот, добивката би била уште поголема кон народот, но и кон државата. Исто така ќе биде намален и данокот на имот. Не е праведно оние кои имаат една куќа или еден стан да плаќаат исто како тие што имаат по 2, 3 или повеке куќи или станови. Ако денес плаќате 1.000 денари, а имате една куќа, со доаѓањето на СДСМ и примената на мерките ќе плаќате 500 денари бидејќи ќе го намалиме данокот за 50 отсто за тие што имаат една куќа или стан, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ денеска во Вевчани, каде ја презентираше новата програма на партијата.
– Со намалувањето на казните ќе ги вратиме парите кон народот. Казните ќе ги намалиме за 50 отсто од овие што ги воведе ДПМНЕ бидејќи на оваа досега невидена сиромаштија незамисливо е да имаме толку голема висина на казните. Во образованието според новата политичка програма на СДСМ ќе има поголема грижа и заштита на наставниците и нивна мотивација наспроти притисокот и инспекциите кои ги трпеа во изминатите неколку години. На наставниците во основното и во средното образование потребна им е поддршка и стимулација, не закани и казни. Субвенции ќе има и кога ние ќе сме на власт, но исплатата ќе биде правична, тогаш кога на земјоделците ќе им бидат потребни, а не 2 или 3 дена пред избори. Пензиите ќе ги покачиме за 40 отсто, по 10 отсто секоја година, а и социјалната помош ќе биде зголемена – рече Спасовски.
Тој најави судство во кое судиите ќе судат според закон, а не како денес, како што рече „уште невнесен човек во судница на провладин медиум му се чита пресудата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.