Во врска со сериозните инциденти во автобуси, во коишто страдаат деца, СДСМ бара Груевски и Јанкулоска веднаш да ги усогласат позициите и да и соопштат на јавноста што се случува? Дали деца се злоупотребени за политички цели и за чии цели? Различните изјави на Груевски и на Јанкулоска вчера ги збунија и ги вознемирија граѓаните дека власта не знае што прави. Јанкулоска рече дека „човек кој размислува со здрав разум не би можел една таква монструозна конструкција да направи и да ги злупотреби децата за да креира криза“. Но во истиот ден, премиерот Груевски од друга локација констатираше дека „ваквите случувања се повторуваат кога се приближува некој важен датум каков што е Европскиот состанок“. Дали според Јанкулоска премиерот Груевски прави “монструозна конструкција“ кога оценува дека инцидентите, како тој во автобусот 65, кога беа повредени 8 деца, не се случајни? Наместо да се занимаваат со политикантство, МВР и Гордана Јанкулоска треба итно да го расчистат и овој инцидент и низата други што или не се расветлени, или никој не одговарал за нив и да превенираат нови случувања од овој тип. Во спротивно ќе се потврдат сомневањата дека инцидентите во автобусите се поттикнати од други мотиви, со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од реалните состојби и случувања во државата – посочи СДСМ по неколкуте инциденти во градските автобуси во Скопје, кога беа нападнати неколку лица.
Врати ВМРО-ДПМНЕ:
Во СДСМ очигледно се препознаа, бидејќи само тие и никој друг во Република Македонија настанот со тепањето на децата во автобусите не го употреби за дневно-политички пресметки со други партии. Тоа доволно говори за нив. Толку ниско паднаа и толку многу фрустрации собраа што си дозволуваат и такви немили настани да ги злоупотребуваат за политичка пресметка. Очигледно е дека својата немоќ, незнаење и некреативност ја покажуваат на овој начин: ниско и дрско. Вака се препознава нивната природна ароганција. Очигледно е дека во СДСМ ништо не се менува.
Се огласи и МВР:
Министерството за внатрешни работи повторно апелира Социјалдемократскиот сојуз да престане да ги злоупотребува малолетниците и инцидентите подгревајќи ја состојбата.
Немањето проекти или идеи СДСМ упорно ги користи како оправдување за форсирање на политика на продлабочување на конфликтите.
Целосна лага и измислица се тврдењата за наводното „неоткивање и несанкционирање“ на учесниците. Имено, најголемиот дел од инцидентите кои се случија во првите 9 месеци од годинава се целосно документирани. Идентификувани и пријавени се 140 лица, главно малолетници кои учествувале во насилни инциденти. Против 21 од нив се поднесени крвичини пријави поради сомнение дека сториле кривични дела „убиство во обид“, „тешка телесна повреда“ и „насилство“. Против останатите 119 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка заради „физички напад“, „предизвикување, поттикнување и учество во тепачка“, „нарушување на јавен ред и мир во заеднички простори, во двор или училиште“ и „занемарена грижа на дете од страна на родител или старател“.
Доколку СДСМ преку лагите кои ги изнесува сака да стимулира разгорување на инцидентите, МВР укажува дека станува збор за погубна политика и апелира граѓаните да не ги сфаќаат сериозно ваквите настапи на опозицијата. Секој што бил инволвиран во некаков инцидент ќе биде идентификуван и изведен пред лицето на правдата, како што 140 лица веќе се соочија со органите на прогонот.
СДСМ врати на соопштението на МВР:
Министерке Гордана Јанкулоска, веројатно не мислите дека СДСМ му рече на вашиот шеф Никола Груевски да признае злоупотреба на деца за политички цели? Лично премиерот Груевски изјави дека “ваквите случувања се повторуваат кога се приближува некој важен датум каков што е Европскиот состанок“? Додека Вие од друга локација констатиравте дека “човек со здрав разум не би можел да направи монструозна конструкција злоупотребувајки деца за да креира криза“. СДСМ очекува од институциите Премиер и Министерство за внатрешни работи да се усогласат и да објаснат на јавноста: Дали и под чиј налог се злоупотребуваат деца за политички цели?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил