Според информациите добиени од Едвард Сноуден, германскиот весник „Шпигел“ објавува Британскиот Центар за владини комуникации има пристап до системите за резервации во хотелите, кои се популарни меѓу дипломатите во целиот свет.
На тој начин, додава весникот, тајните служби го следат движењето на државните службеници и официјалните делегации.
Според неделникот програмата со код „Кралски портир“ е со највисок степен на тајност. Откако агентите ќе дознаат дека некоја делегација ќе биде сместена во одреден хотел, почнуваат соодветна подготвка, односно ставаат „бубачки“ на хотелските телефони или сместуваат шпиони во соседните соби.
Во програмата на британската агенција се вклулени 350 хотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.