Неодамна во едно интервју Џибони рече дека според неговите информации од луѓето кои му се јавувале, по неговите концерти биле зачнати 14 деца. Кога ние го прашавме на која музика тој ги зачнал неговите, рече: – Па, не, ги правев во тишина, јас секогаш имам музика во главата.
Еве што друго ни откри за својата музика и размислување…
-Целиот свет за мене е една сцена. Ние кои сме родени на овој простор имаме слични навики, сакаме да јадеме, да се одмораме, имаме слични обичаи…но секогаш гледам самиот да се цензурирам за да не филозофирам премногу.
Себеси се дефинира како дете пораснато во мачо свет и можеби затоа емоциите ги искажува преку песните…
-Јас сум човек кој воопшто не размислува за себе туку за тоа што е пред мене. Немам време за тоа. Еднаш во две години ја отворам таа фиока и малку ме збунува. Едноставно работам, најчесто според инстинкт. Правам песни кои јас би сакал да ги слушам. Ги правам за мене и некои луѓе ги препознаваат како свои, блиски…
Дали долговите во „либарот“ ги отплативте…
-Моите песни се подобри од мене, не би сакал да зборувам за себе. Или имаш 25 или немаш. 25 е совршен број. Исто ти е и кога имаш 25, 35, 45…, но 25 е совршен и мене ми се најдраги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.