Најновото вино е со етикета на Џибони. За добредојде на кантавторот, винаријата Стоби му подари вино Мерло со етикета на која беше отпечатен ликот на Џибони. Хрватската музичка ѕвезда воодушевена од изненадувањето, но пред се од квалитетот на вината кои ги дегустираше и од вкусната храна подготвена во реномираниот ресторан, помина неколку интересни часови во дружба со менаџментот на винаријата.
Тој не успеа да ги сокрие импресиите од концептот на функционирањето на винаријата. Пројавувајќи интерес за секој вид на вино посебно, како се прави, во комбинација со каква храна се пие и на која температура се дегустира, Џибони ја напушти винаријата побогат со многу нови искуства и познавања од областа на енологијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.