Годинава најдобрите три гостилници се: 1. „Ѓезме кај тумба“; 2. „Капка“; 3. „Дарија“, а најдобрите три ресторани: 1.„Лира“; 2.„Сушико“ и 3.„Гурмет“. Марко Радоњиќ, директорот на Агенцијата што го спроведува истражување, рече дека годинава за една нијанса е опаднат процентот на успешност, за разлика од минатата, но тоа го објасни со воведувањето на повисоки критериуми за разлика од лани. Оттука 14 гостилници оствариле високи резултати, за разлика од 2012-та кога 22 гостилници ги достигнале овие резултати. Годинава 13 ресторани оствариле високи резултати за разлика од лани, кога во високиот процент на квалитет се вброиле 19. За прв пат, годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, под 50 % на квалитет.
За реализација на овој проект, Градот Скопје ангажира професионална агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитет на услуга која по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета од на независни и објективни тајни купувачи/гости го истражуваа и оценуваа квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми. Со проектот се опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на градот Скопје, од кои 50 ресторани и 50 гостилници, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваат според следниве 8 критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт со вработените.
Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за во иднина. Посветеноста кон доследно, професионално и објективно спроведување на овој проект ќе придонесе за унапредување на квалитетот на услугата кај угостителските објекти во градот, а добрите резултати ќе укажуваат на позитивни промени во нивото на општата услуга кај угостителските објекти во целина. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата спрема клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија