Пожар изби синоќа на товарен брод во Северното море кај Норвешка, а спасувачите имаат потешкотии да го извлечат екипажот. Портпаролот на норвешкиот Центар за спасувачки акции Пер Фјелд изјави дека три хеликоптери се упатени да помогнат на членовите на екипажот заробени на дански брод на околу 130 километри од брегот.
– Првиот хеликоптер се обиде да спаси 12 лица, но се откажа поради лошото време. Засега тие не се во пасност, рече тој.
Пожарот избил во задниот дел на бродот и иако не се шири, членовите на екипажот не успеале да го изгаснат.
Бродот е тежок 11 тони и превезува воена опрема.
Во моментот во областа беснее бура проследена со силен ветер кој достигнува брзина и до 180 километри на час, а брановите се и до 15 метри високи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.