| четврток, 6 декември 2018 |

Новина во БЕГ: Граѓаните ќе можат да си ги проверат броилата

Балкан енерџи груп (БЕГ) набави лабораторија за испитување на мерила на топлинска енергија и течности, која засега е единствена од ваков вид во Македонија. Граѓаните и фирмите за првпат ќе имаат можност да направат проверка на своите броила со кои се мери потрошувачката на топлинска енергија и на други течности.

Најголем корисник на оваа лабораторија се очекува да бидат компаниите кои ги греат скопјани, како БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика, Топлификација Скопје Север, како и јавните комунални претпријатија. Исто така, преку оваа лабораторија, корисниците на нивните услуги, било да се граѓани или фирми, кои од некоја причина се сомневаат во исправноста на мерилата поставени во нивните домови и комерцијални објекти, лично ќе можат да се уверат во исправноста на броилата.

Технички, со опремата која е набавена ќе може да се испитуваат, механички, ултразвучни и електромагнетни водомери за ладна и за топла вода, сензори за проток на вода, отпорнички термометри и термометри со течност во стакло, како и компактни и раздвоиви мерила на топлинска енергија.

Новата лабораторија, вредна 200 илјади евра и засега единствена од овој вид во земјава, ќе ги намали трошоците за испитување на мерилата на БЕГ и другите компании кои до сега мораа да се испитуваат и калибрираат во странски лабаратории. Тоа ќе придонесе за намалени опративни трошоци на овие компании

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top