| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеник од Емиратите ја шокираше јавноста: ужива хероин на седница! (видео)

Сите медиуми ја пренесуваат веста за пратеникот кој спокојно се нашмрка на седница на парламент. Без криење. Нема детали што е тема на седницата , кој е дневниот ред и колку се тоа таму е практика, објавува „Локално.мк“.

Емиратскиот портал Emirates247 објавил видео на кое пратеникот е прикажан како од сопствената рака „шмрка“ хероин. На снимката од 14 секунди добро се гледа како овој претставник на народот од џебот вади мала кутија, од која зема малку прав, ставајќи го на горниот дел од дланката.

Потоа со уживање „шмрка“, воопшто не обрнувајќи внимание на колегата од левата страна, кој го видел. Што било на дневен ред на парламентартната седница, што го натерало на забранетото уживање, не е обелоденето, на снимката само е кажано дека „шмрка“ хероин. Засега од негова страна нема ниту демант ниту потврдено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top