| четврток, 6 декември 2018 |

Меси бара Агуеро да дојде во Барселона

Познато е дека аргентинскиот фудбалски интернационалец имал пресудна улога во доаѓањето на Херардо Мартино на клупата на шпанскиот првак, а неговиот збор и натаму се почитува во врвот на Каталонците.

Веќе имаа обид да го доведат Агуеро, дури и ги контактирале агентите на напаѓачот, меѓутоа понатамошните преговори ги прекинал договорот со Бразилецот Нејмар.

Сепак, вратите на „Ноу Камп“ за Агуеро се уште се отворени, а според написите во шпанските медиуми, фудбалерот на Манчестер Сити ја сака Барселона, за која Меси му зборува се најубаво.

Се шпекулира дека шампионот во Примера следното лето би можел да го продаде Педро или Алексис Санчез, со цел да ослободи простор за еден од најдобрите играчи на „Граѓаните“ оваа сезона.

Англискиот вицепрвак сепак не сака веднаш да се откаже од него, а и на Мартино приоритет му е одбраната. Како и да е, помислете што се би можеле да сторат заедно Меси, Агуеро и Нејмар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top