Најдобриот македонски гитарист Влатко Стефановски на 19. декември ќе настапи во сараевската „Зетра“ на концерт кој го организира Фондацијата „Горица – Горан Бреговиќ“ каде што ќе се сретне со Бреговиќ на сцената по цели 20 години.
Влатко Стефановски не крие дека е воодушевен од тоа што се видел со Бреговиќ и дека договорил повторно заедно да настапат.
– Го сретнав Бреговиќ по концертот на Џибони во Белград и тој ми зборуваше за Фондацијата. Пред неколку дена ми предложи ние двајца повторно да свириме по долги, долги години. Поточно 20 години не сме работеле заедно, а тој е уметник што многу го ценам како некој што многу направил за рок сцената – рече Влатко Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


