За тимот на Индијана Пејсерс ова е деветтата побеада без ниту еден пораз. Нивна најнова жртва беше Милвоки Бакс,, кој е совладан со убедливи 104:77. Рој Хиберт со 24 поени и Пол Џорџ со два поени помалку, ја предводеа Индијана до нов триумф.
Екипата на Атланта Хокс на домашен терен славеше против Филаделфија со 113-103 и стигна до петтата победа во деветтиот натпревар сезонава. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ не настапи на овој натпревар.
Џеф Тиг беше предводникот на Атланта со 33 поени и 10 асистенции, Керол постигна 21 поен, додека Ал Хорфорд мечот го заврши со 20 поени и 8 скокови. Кај Филаделфија, Еван Тарнер постигна 27 поени, додека Тони Вротен на овој меч забележа 22 поени.
Леброн Џејмс блесна со 39 поени, а Двејн Вејд дополни 17 кошеви во победата на шампионот Мајами хит над Далас Маверикс (110:104). Дирк Новицки постигна 28 поени за поразениот тим.
Резултати:
Индијана – Милвоки 104-77
Торонто – Чикаго 80-96
Атланта – Филаделфија 113-103
Бостон – Портланд 96-109
Кливленд – Шарлот 80-86
Мајами – Далас 110-104
Денвер – Минесота 117-113
Феникс – Бруклин 98-100
Јута – Сан Антонио 82-91
ЛА Лејкерс – Мемфис 86-89
Сакраменто – Детроит 90-97
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


