„Кажете му на тој чудесен јунак дека сакам да го видам и да му се поклонам: ние сите, од царот до последниот заптија одамна сме заморени, само тој не се уморува…“ —Дервиш Eфенди за Гоце Делчев…
Македонија денеска одбележува 141. година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. По тој повод во организација на меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје литургија ќе одржи Македонската православна црква.
Ќе настапи мешаниот градски хор „Вардар“, под диригентство на Илија Атанасов. Цвеќе ќе положат државна делегација, претставници на АРМ, на образовни институции, политички партии, општини, установи и здруженија именувани по Гоце Делчев.
Цвеќе ќе биде положено и на спомениците на Делчев на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.
Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!