| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно возете: густа магла кај Крушево и Плетвар

magla na pat

Намалена видливост до 100 метри поради магла е регистрирана на патиштата кај Крушево. Кај Плетвар маглата е ретка, информира ЈП „Македонија пат“ во прегледот за состојбата на патиштата во 18 часот вечерва.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци  се одвива тековно, претежно по  влажни коловози.  Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Од денеска до 19 овој месец во периодоот од 6 до 19 часот ќе се изведуваат теренски  активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка.  Сообраќајната сигнализација за времена измена на режимот на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од денеска  стапи во сила законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top