| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Кузмановски: И сто песни да и посветам на Верче таа нема да ни се врати

milek

И сто песни да отпеам и да и` ги посветам на Верче, таа нема да ни се врати, вели по­пу­лар­ни­от фолк-пејач Миле Кузмановски за Вест.

Популарниот пејач деновиве е актуелен со дуплиот албум “Крал без круна”, во кој песните се посветени на неговата сопруга, која почина ми­на­та­та година.

Последниве години тој е еднакво актуелен и со неговиот приватен и со про­фе­си­о­нал­ни­от живот. Колку повеќе среќа му носеа песните толку повеќе тага му се случуваше дома, пишува Вест.

Професионално, трипати ја полнеше Универзална, песните му ста­наа големи хитови, стана еден од најдобрите фолк-пејачи, но приватно ја изгуби бит­ка­та со болеста на неговата сопруга. И сега, точно по една година од нејзината смрт, Миле вели дека дома, освен што физички ја нема, сè е исто. Тој со ќеркичките, близ­нач­ки­те Ана и Јана се однесува како мама да е со нив. Професионално, пак, на 14 фев­ру­а­ри идната години по третпат се подготвува да ја наполни Универзална са­ла, кога на Денот на љубовта и виното ќе го промовира новиот албум.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top