Новак Ѓоковиќ го победи Радек Штепанек со 3-0 во сетови и и донесе предност на Србија од 1-0 против Чешка во финалето на Дејвис купот. Првиот сет беше неизвесен, заврши со резултат 7-5 во гејмови за домашниот тенисер, а се потоа беше рутина за еден од најдобрите тенисери на денешницата. Во следните два сета Штепанек освои само 5 игри, па поразот беше неминовен.
Србија е домаќин на финалето, што се игра во Белград, а титулата ја брани Чешка. Во вториот денешен меч Душан Лајовиќ ќе игра против Томаш Бердих. Утре се игра мечот во двојки, а задутре е завршниот ден со два натпревари во сингл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


