| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Кој и зошто ги поттикна инцидентите во автобусите?

СДСМ обвини дека синоќешниот инцидент во автобус, кадешто настрадаа патници и претежно деца е резултат на политиките на поделеност и конфликтност во општеството што се дело на владеачката гарнитура.

-Храброста на предизвикувачите на ваквите инциденти доаѓа од неефикасноста на МВР да превенира вакви состојби, бидејќи во најголем дел од случувањата од овој тип, сторителите или не се откриени, или не одговарале. И по вчерашниот настан во автобусот 65 се отвора дилемата, дали инцидентите во автобусите се можеби поттикнати од други мотиви, со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од реалните состојби и случувања во државата- изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Од СДСМ очекувааат надлежните институции целосно да си ја завршат работата во откривањето на сторителите и да поработат на превенција од вакви случаи во иднина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top