Им
а пад на цените на становите, а тоа е резултат на поголемата понуда, а помалата побарувачка, тврдат од Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Македонија. Нема точни податоци за тоа колку станови се непродадени и за колку е намалена продажната цена, вели претседателот на Групацијата, Лилјана Ковачева.
-Немаме таква статистика и јас мислам дека не се води официјална статистика, но мислам дека има поголем обем на станови кои не се продадени. Тоа повлекува и пад на цената. Во последната година има пад на цената, но не би можела да кажам бројки. Повеќе се бараат помали станови, нормално поради куповната моќ на граѓаните. Освен одреден пад кај цените има и пад на цените на ќириите – вели Лилјана Ковачева, претседател на Групацијата на агенции за недвижности при СКМ.
Од Групацијата велат дека моментално се во фаза на изработка на Закон кој ќе го достават до Владата, а ќе ја регулира дејноста со прометот на недвижности. Со него ќе се предвидуваат условите под кои одредени друштва ќе можат да работат со промет на недвижности, а граѓаните кога ќе користат таков тип услуги, ќе имаат работа со професионалци кои ќе работат под одредени правила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


