| четврток, 6 декември 2018 |

Сандра Стефановска на избор на Мис во Тајланд

Во недела вечер во Бангкок, Тајланд ќе се одржи изборот за Мис Гранд Интернационал 2013. Македонија ќе ја претставува 20-годишната Сандра Стефановска од Скопје. Ова е нов избор за убавина и се одржува за прв пат.

Сандра веќе две недели е на Тајланд, каде заедно со уште 90 девојки од исто толку држави од целиот свет се подготвува за големото финале.

DSC_0643

Таа во 2012. година ја освои титулата Мис на Македонија за Мис Глоуб и на изборот за Мис Глоуб истата година се пласира во финале, во најубавите 10 и на крајот по поените од жири комисијата го освои шестото место, а подоцна на изборот за Мис на Медитеранот исто така направи убав успех освојувајќи го четвртото место, односно титулата трета придружничка.

DSC_0370

Сандра е членка на Модното студио Црнокрак кое ја има лиценцата за Мис Гранд Интернационал за Македонија и кое се погрижи за нејзиниот пат и престој на Тајланд.

DSC_0395

Таа на финалната вечер ќе се претстави во модели на Елена Лука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top