За само две недели и далматинскиот шармер по трети пат ќе гостува со голем концерт во Скопје. Во меѓувреме, Олиер Драгојевиќ се подготвува и за настап пред домашната публика. Неговите три последователни концерти во Загреб се веќе распродадени. Во утринската радиоемисија на „Антена Загреб“ тој открива дека на денот на концертот избегнува јадење.
– Пред концертите не се распевам, а во текот на денот гледам да јадам што е можно помалку – вели маестро Драгојевиќ.
Тој, исто така, откри дека неостварена желба му е да сними дует со Реј Чарлс, додека, пак, од младите музичари со задоволство би соработувал со Бруно Марс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


