Во анкетата што ја спровел Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, спроведена на репрезентативен примерок од 1.240 анкетирани граѓани, мнозинството испитаници (22,2 односно 21, проценти) од испитаниците Македонци, одговориле дека најважен историски период за формирањето на македонскиот идентитет е просветителскиот, односно времето на Кирил и Методиј, а речиси подеднакво значаен е и периодот од осамостојувањето на Македонија. Исто така, според испитаниците, како најзначајни личности за формирањето на идентитетот се просветителите Кирил и Методиј и Гоце Делчев.

Во истата анкета на 45 испитаници не се согласуваат, односно не им се допаѓа проектот Скопје 2014.

Поголем процент од 67, 3 проценти од анкентираните одговориле дека не го одобруваат Скопје 2014 од економски аспект и дури 73,1 проценти не одобруваат понатаму да се продолжи со градење и поставување споменици кои би биле дел од Скопје 2014.

Мнозинството од анкетираните Македонци каки и припадници на другите етнички заедници не сметаат дека проектот Скопје 2014 влијае негативно на влегувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.



Според анкетата, 71 процент од испитаниците одговориле дека се за влез на земјата во ЕУ и НАТО.


Анкетата е спроведена во септември, годинава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


