| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ доби судска дозвола за скенирање книги

gooooogleСудот во Њујорк ја отфрли долготрајната тужба на писателите во која се тврдеше дека интернет- гигантот дигитално копира книги за е- библиотеката без дозвола од авторите.

Судијата ја прифатил одбраната на „Гугл“ (Google) според која скенирањето на повеќе од 20 милиони книги со овозможување пристап до дел од текстовите онлајн помага во пронаоѓањето книги кои читателите не би можеле да ги најдат лесно.

Според судот, скенирањето ќе го олесни пристапот до книгите за студентите, учителите, научниците и пошироката јавност, а притоа ќе ги почитува авторските права.

– Дигитализацијата на книгите добива нова цел и облик, па може да се очекува дека тоа ќе ја поттикне нивната продажба, а не дека ќе ја намали. Тоа е потег кој е од голема корист за целото општество – заклучил судијата Чин.

Тужителите планираат да ја обжалат пресудата. Процесот почна во 2005 година со тужбата на група писатели и издавачи. Ако судот пресудеше во нивна корист, „Гугл“ ќе требаше да плати над 3 милијарди долари бидејќи писателите бараа по 750 долари отштета за секоја скенирана книга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top