Турската фирма „Глобал портс“ (Global Ports) од Истанбул за 8 милиони евра го купи мнозинскиот пакет-акции на контејнерскиот терминал од пристаништето во Бар. Договорот за продажба за 62,1 проценти од контејнерскиот терминал во пристаништето Бар го потпишаа црногорската влада и извршниот директор на турската компанија. Турците најавија дека во рок од три години ќе се реализираат инвестиции во преструктурирање на товарниот терминал вредни 13,5 милиони евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.