| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија казни хулиган со четири години невлегување на стадион

Борусија Дортмунд му забрани на еден свој екстремен поддржувач во следните четири сезони да влезе на стадионот „Сигнал Идуна Парк“. Причината е нацистички поздрав при прослава на погодок

borusia-500

Имено, европскиот и германски вицешампион во минатото коло на свој терен го декласираше Штутгарт со резултат 6:1, а по еден од погодоците, споменатиот навивач се качил на оградата и славел гестикулирајќи со нацистички поздрав.

– Клубот го санкционираше ова лице со четири години забрана за влез на стадионот, а му се заканува и казна затвор – објавија на официјалната веб-страница „милионерите“.

Борусија од Дортмунд е најгледаниот тим на стариот континент, со просечна посета на својот стадион од преку 80 илјади гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top