| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Таква тепачка е за сериозна осуда

spiroНезависно дали тоа се случува во автобус или на улица, која било тепачка на таков начин реализирана е нешто кое заслужува сериозна критика и осуда- оцени министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, кој најостро го осуди вчерашниот напад врз патници во автобус. Вчера десет деца маскирани, со шипки и палки, ги нападнаа патниците во градски автобус и повредија неколкумина, меѓу кои и 8 деца.

Во училиштата и училишните дворови, мерките сѐ уште се во сила. Министерот истакна дека тие и натаму ќе важат.

– Припадниците на МВР и обезбедувањето на училиштата е присутно во сите училишта во Република Македонија – додаде министерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top