Македонскиот рапер, шминкер и , пред сѐ, фризер, Андреј Миске, реши својот бизнис да го прошири и надвор од границите на Македонија.
Миске, кој по потекло е од Пехчево, отвори елитен салон за убавина во центарот на Софија. Бугарските пејачки од „Планета“ и од „Балканика“ веќе биле негови редовни клиенти, а сега услугите на Миске ќе им бидат достапни и во нивниот главен град, во салонот „Envy“.
Миске е познат и меѓу македонските убавици како еден од најдобрите мајстори со ножичките за потстрижување, кој занаетот го научи како дел од студиото на Дадар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.