Мислите дека вашите девојки се напорни. Не знаете ништо, запознајте го најнесреќниот маж на светот чија жена пати од синдром поврзан со љубомора.
Тој мора да седне на детектор за лаги секогаш кога ќе се врати дома, а забрането му е да гледа и слики со убави девојки. А, тој само молчи и трпи – бидејќи си ја сака жената.
Да не е сериозно, би било смешно, но синдромот Отело, која го има Деби Вуд од Британија, ја прави да биде љубоморна преку сите граници, а животот на сопругот Стив му го претвора во пекол.
Личностите што го имаат овој синдром, патат од имагинарна љубомора, односно таа мисли дека Стив ја изневерува каде ќе стигне.
Поради таа причина, таа дури и кога се враќа од продавница го тера да седне на детектор за лаги за да дознае дека не му се допаѓа касиерката, му го проверува неговиот мобилен, му забранува да гледа слики од убави девојки, како и да гледа филмови каде што глумците се поубави отколку што треба.
Овој синдром името го добил по јунакот на Шекспир кој ја убива Дездемона поради тоа што се сомнева дека го изневерува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


