| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани концертите, Калиопи мора на операција

kaliopiСилни бубрежни болки ја натераа Калиопи да ги откаже сите активности и претстојните концерти во Скопје и во Загреб.

Калиопи е под лекарски надзор на уролог и во следните денови ќе ѝ се изврши ласерска операција за разбивање на бубрежен камен.

Поради целата новонастаната ситуација, Калиопи е во шок затоа што со голема радост и желба се подготвуваше за настапот пред публиката, пренесува порталот МММ.

Нејзината прва реакција била со лекарска помош и надзор да ги одржи пробите и концертот, што од страна на лекарите, нејзиниот менаџерски тим и продуцентот на концертот, Томислав Кашљевиќ, не е одобрено.

Концертот во Загреб е презакажан за 18 февруари в година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top