Свесен бев дека со тоа што одгледувам и произведувам марихуана правам инкриминирачки дејства, но кога одите по работ на ножот и кога треба да одберете меѓу животот и смртта, се доведувате во ситуација да не водите сметка за законите, рече во исказот по обвинението за нелегално одгледување марихуана актерот Кирил Поп Христов-Кили, за што се товари и неговиот брат.
– Го молам судот да направи разлика, меѓу канабис сатива и канабис индика која ја одгледував јас со оглед на тоа дека во неа не се содржи инкириминираната супстанца која ја гони судот, а којашто јас ја користев за правење лек – Телеграф ја пренесе изјавата на Кили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.