Поради неверојатниот испад на младиот пејач Џастин Бибер, тој би можел да заврши зад решетки, а му се заканува казна затвор до четири години.
Бибер ги разлути обожавателите во Буенос Аирес откако го фрли аргентинското знаме на земја, го газеше, а и го избриша подот со него.
Снимките од неговиот испад, за кратко време завршија на „Јутјуб“, а, според законот во Аргентина, поради газење на националното знаме му се заканува казна од четири години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.