По информацијата дека патниците на автобусот 65 биле нападнати од непознати лица, а осум деца се повредени, читател на „Република“ и очевидец на настанот раскажува за протестот во Стајковци.
Во моментот во скопската населба жителите на Стајковци протестираат и го блокираа патот. Претепани се осум средношколци од Булачани, Раштак и Стајковци, а меѓу нив има и едно повредено девојче.
Околу 19 часот вечерва, осум маскирани со автомобил го блокирале автобусот кај црквата во Сингелиќ. Откако влегле внатре, почнале да го тепаат секој што им дошол при рака, се додека автобусот не застанал кај џамијата.
Нашиот очевидец и жител на Стајковци вели дека жителите секојдневно се соочуваат со вакви проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


