| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска: Со враќањето на средната класа и пазарите ќе бидат полни

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и нејзините домакини од Општинската организација Ново Село го посетија пазарот и ги слушнаа проблемите со кои се соочуваат граѓаните од овој крај, но и мислењата, предлозите, сугестиите за предлог мерките на СДСМ за Програмата на СДСМ.

Пазарџиите се пожалија дека и покрај ниските цени на производите што ги нудат, поради слабата куповна моќ на своите сожители, немаат на кого да ги продадат. Пазарот, е речиси празен, велат и тие кои продаваат и граѓаните кои беа таму.

Тимот на СДСМ, предводен од заменик претседателката Шекеринска продолжи на средби со граѓаните “Од врата, до врата”. Жителите на Ново Село навистина живеат во тешки услови. Голем дел од нив сакаа да слушнат за предлог мерките што ги планира СДСМ, што разбудиле интерес кај нив, посебно што се работи за конкретни економски, социјални и образовни мерки, кои се досега промовирани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top