| четврток, 6 декември 2018 |

Со референдум ќе се одлучува дали бракот е „заедница меѓу маж и жена“

Одлуката на хрватскиот Парламент за одржување референдум, на кој на 1 декември граѓаните ќе се изјаснат за бракот како „заедница меѓу маж и жена“, е уставна, соопшти хрватскиот Уставен суд.

Решението на Уставниот суд е донесено по дводневни консултации. Судот одлучи дека нема основа за отфрлање на решението на Парламентот за организирање референдум за бракот. До Уставниот суд пристигнале три барања од граѓани за оценка на уставноста на парламентарната одлука за организирање референдум и за содржината на прашањето кое ќе биде поставено на денот на гласањето.

На 1 декември хрватските граѓани ќе треба да одговорат на прашањето: „Се согласувате ли формулацијата, која означува дека бракот е заедница меѓу маж и жена, да биде вклучена во Уставот на Република Хрватска?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top