| четврток, 6 декември 2018 |

„Елементал“ повторно во Скопје

Како дел од нивната есенска турнеја по повод 15 години постоење, загрепскиот хипхоп-бенд „Елементал“ ќе настапи и пред скопската публика.

Секогаш пречекани со добри вибрации и енергија, групата се враќа во Македонија на 29 ноември во клубот „Хавана“.

Турнејата, насловена како „У реду је – 15 години Елементал“, ѝ нуди на публиката сосема ново шоу. Идејата е на концертите да се прошета низ 15-годишната кариера на бендот со акцент ставен на песните на последниот албум „У реду је“.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во претпродажба од утре, по цена од 200 денари, во „Хепи кафе“, „Кастм паб“ и кафе „Љубов“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top