| четврток, 6 декември 2018 |

Лани од продавници биле украдени 112 милијарди долари

Stealing-from-workЗагубите на стоковните резерви од продавниците на мало поради кражби, измама и организиран криминал лани ја чинеле светската индустрија 112 милијарди долари. Загубите се зголемија во повеќето земји. Како причина за зголемување на кражбите, трговците го наведуваат слабото економско заздравување и организираниот криминал во малопродажбата. Кражбите од клиенти се смета за најважната причина за загуба на стоковите резерви во сите земји, а по нив следи кражбата од страна на вработените.

Во истражувањето на овој феномен биле опфатени 157 компании во 16 земји, кои располагаат со вкупно 160 илјади продавници. Компаниите генерирале повеќе од 1,5 трилиони долари од продажба во 2012 година. Најголеми загуби има во Бразил и во Мексико, а по нив се САД и Кина. Најниските нивоа на кражби се пријавени во Јапонија и во Австралија.

Најчесто се украдени мали и лесни продукти кои се лесни за крадење и криење, кои имаат релативно висока вредност и нудат можност за препродажба. Меѓу нив се модни додатоци, фармерки, чевли и долна облека, бебешка електроника, електронски игри, додатоци за мобилни уреди и производи поврзани со човековото здравје, меѓу кои лекови против алергии и бебешко млеко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top