Ако се за верување зборовите на извор близок на двојката, бракот меѓу Џеј Зи и Бијонсе моментално е на стаклени нозе бидејќи раперот се однесувал многу себично.
Наводно, двојката направила пауза додека Бијонсе била на турнеја во Австралија, а Џеј Зи во Европа. Изворот за магазинот „Стар“ рече дека престојот на Џеј во Австралија не бил фамилијарен одмор, туку обид да поработат на нивниот брак.
– Кога Џеј Зи на почетокот на ноември отиде во Австралија, тоа не беше поради фамилијарен одмор, туку можност да се поправат некои работи. Неговата одлука да одржи концертна турнеја во Европа додека неговата сопруга е во Австралија направи големи проблеми во бракот. Бијонсе на тоа му рече дека се однесува многу себично – вели изворот.
Од друга страна, пак, пејачката не се ни труди да ја сокрие нивната оддалеченост.
– Бијонсе во последно време се чувствува како самохрана мајка. Таа се однесува како да се на пробен развод – додаде изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


