| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден пораз на Бруклин, Клиперс подобар од Оклахома

Изминатава ноќ во НБА беа одиграни 12 натпревари. Тимот на Бруклин доживеа уште еден пораз, а во дербито на вечерта тимот на ЛА Клиперс ја совлада Оклахома сити тандерс со 111-103.

Крис Пол ја заврши средбата со 14 поени и 16 асистенции, со што стана прв кошаркар по Меџик Џонсосн (1990 год.) кој имал двоцифрен ефект во овие две статистички категории во првите девет натпревари од сезоната. Одличен кај домашните беше Блејк Грифин со постигнати 22 поени, 12 скока и 7 асистенции.

Кај гостите, како и секогаш, најдобар беше Кевин Дурант со 33 поени и 10 асистенции.

Новиот тим на Бруклин нетс, кој пред стартот беше најавуван како еден од претендентите за шампионската титула, доживеа нов пораз (петти во седмиот натпревар), овој пат од Сакраменто 107:86.

Носители на играта на овој дуел кај Кингс беа Торнтон со 24 поени, Томас со 19 поени и Васкез со 17 поени, додека во составот од Бруклин најсветла точка беше Брук Лопез со 16 коша и 9 асистенции.

 

РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Милвоки 94-91
Филаделфија – Хјустон 123-117 (продолжение)
Бостон – Шарлот 83-89
Атланта – Њујорк 91-95
Минесота – Кливленд 124-95
Мемфис – Торонто 87-103
Сан Антонио – Вашингтон 92-79
Денвер – ЛА Лејкерс 111-99
Јута – Њу Орлеанс 111-105
Портланд – Феникс 90-89
Сакраменто – Бруклин 107-96
ЛА Клиперс – Оклахома 111–103

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top