Навивач на Арсенал од Уганда, Хенри Дабасани, останал без покрив над главата бидејќи се обложил на победа на Арсенал во мечот против Манчестер јунајтед изминатиот викенд.
Тој меч Јунајтед го доби со 1-0 со голот на Ван Перси, а според пишувањата на британските медиуми, Дабасани ја вложил куќата во облог со навивач на Манчестер, Рашид Јиг, кој за победата на „црвените ѓаволи“ ги вложил својата сопруга и автомобилот.
За тоа дека биле толку сериозни покажува тоа што двајцата се потпишале во присуство на локални претставници и навивачи на двата тима.
Дабасани, кој има три жени и пет деца, се онесвестил на крајот на натпреварот, а само неколку дена по натпреварот морал да се отсели од куќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.